Унгарскиот премиер Петер Маѓар денес повтори дека очекува да се постигне политички договор за ослободување на замрзнатите средства од ЕУ за време на средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Брисел.
Маѓар, според Ројтерс, рекол дека разговорите со фон дер Лајен ќе се одржат денес во 13 часот и дека во таа прилика треба да се склучи политички договор за средствата од ЕУ наменети за Унгарија.
„Денес ќе разговарам со претседателот на Европската комисија и ќе склучиме политички договор за финансирање од средствата на ЕУ во вредност од неколку илјади милијарди форинти што ѝ припаѓаат на нашата земја“, напиша Маѓар на Фејсбук.












