недела, август 9, 2026
Дома СКОПСКА Лукровски на празнична прослава во Нерези

Лукровски на празнична прослава во Нерези

1

На покана од Црковниот одбор при храмот „Свети Пантелејмон“ во Нерези, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на празничната прослава посветена на светиот великомаченик Пантелејмон. Празник со посебно значење за сите нережани, празник што ги обединува верата, традицијата и заедништвото. Празник длабоко вкоренет во духовниот живот и во традицијата на Нерези, кој и оваа година ги обедини нережани во голем број.

Со присуството на свеченоста, градоначалникот упати порака на почит кон нережани, нивните традиција и заедништво, како и поддршка за зачувување на духовното и културното наследство на Нерези. На прославата присуствуваа и советници и дел од општинската администрација – соопштија од Општина Карпош.

 

ИЗДВОЕНИ