среда, септември 23, 2026
Дома СКОПСКА Комеморативен настан за осумтемина загинати бранители

Комеморативен настан за осумтемина загинати бранители

93

Од Општина Ѓорче Петров известуваат дека утре ќе им биде оддадена почит на осумтемина бранители што ги положија своите животи за Македонија.

Комеморативниот настан ќе се одржи кај спомен-чешмата „Томислав Настески-Бумбар“, со почеток во 8:00 часот, а во 8:30 часот – кај споменикот на загинатите бранители во Волково.

Од Општината ги покануваат сите граѓани да присуствуваат за, како што велат, да се зачува споменот за нивната храброст и за нивната жртва.

– Нивната жртва е вечен потсетник за храброста и за пожртвуваноста кон татковината. Споменот за нив ќе живее засекогаш – потенцираат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ