вторник, јуни 9, 2026
Дома СВЕТ Ликвидација близу Москва: „Бмв“ дигнато во воздух, бомбата монтирана под седиштето –...

Ликвидација близу Москва: „Бмв“ дигнато во воздух, бомбата монтирана под седиштето – жртвата е руски генерал?/ВИДЕО

69

Силна експлозија се случи утрово во градот Балашиха, на околу десет километри од Москва, автомобил BMW X3 беше разнесен. Во инцидентот загина еден маж, а руските медиуми шпекулираат дека жртвата можно е да била висок офицер на руската армија. Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на починатиот. Според каналот на Телеграм Шот, станува збор за 62-годишен маж, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури и генерал-полковник на руската армија. Сепак, сè уште нема официјална потврда за неговиот чин или позиција.

Според рускиот истражен комитет, експлозијата се случила околу 5:30 часот наутро по локално време, додека возилото се движело во близина на станбена зграда на улицата Колдунова во населбата Авијаторов. Рускиот Телеграм канал 112 објави детали дека експлозивната направа била поставена под возачкото седиште. Мажот, според истиот извештај, починал на местото на настанот од тешки повреди.

Областа Авијаторов, каде што се случи експлозијата, беше изградена наменски за припадници на руските вооружени сили и нивните семејства. Становите, наводно, биле доделени преку руското Министерство за одбрана на воени пензионери, ветерани и семејства на активни воени лица. Според независниот руски медиум „Астра“, денешниот инцидент се случил на помалку од еден километар од локацијата каде што генерал-потполковник Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на рускиот Генералштаб, беше убиен во сличен напад со автомобил-бомба во април 2025 година.

Мотивот и тоа кој го наредил нападот сè уште не се познати. Ниту украинските власти, ниту разузнавачките служби официјално не го коментираа инцидентот. Иако украинските служби во минатото вршеа операции насочени кон руски воени претставници поврзани со војната во Украина, во моментов нема докази што ги поврзуваат со денешната експлозија во Балашиха. Руските истражители продолжуваат да го испитуваат местото на настанот.

ИЗДВОЕНИ