Ултрапопуларната Лепа Брена, по пауза од цели 39 години, дојде на местото на настанот на Стариот мост „Мостар“ во градот Мостар, и си ги оживеа спомените. Пејачката, за потребите на омилениот игран филм „Ајде да се сакаме“, со помош на дублерот, тука скокнала од мостот во студената река Неретва. Тоа се памети и ден-денес, а Лепа Брена и понатаму си се восхитува самата на себе.
Под оваа фотографија, сè уште саканата пејачка доби грст комплименти од своите обожаватели од Вардар до Триглав. Подоцна, за вечерната прошетка, на историски легендарниот мост, Лепа Брена одбра светложолт фустан со ремен околу половината и со прорез до колкот. На нозете имаше ефектни црвени летни сандали, додека на главата носеше шапка во иста боја. Сето тоа ѝ беше вклопено со модерните очила за гледање…..(Д. М.)












