
Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Милан откри дека раководните лица пред неколку дена го понудиле португалскиот интернационалец Рафаел Леао на три клуба кои се натпреваруваат во англиската Премиер лига. Истиот избор откри дека крилниот напаѓач, кој е проценет на 60 мил. евра, бил понуден на Челзи, Арсенал и на Манчестер Јунајтед.











