недела, септември 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Kривична пријава за насилство против стружанецот кој го навредувал Мицкоски

Kривична пријава за насилство против стружанецот кој го навредувал Мицкоски

104

Полицијата поднела кривична пријава за насилство против стружанецот кој ја навредувал делегацијата која за Илинден беше во Ташмаруништа, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски.

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 2 Август, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август – соопшти МВР.

Тој бил пријавен дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”, за потоа делото против нејзе да се оквалификува како насилство од омраза.

ИЗДВОЕНИ