четврток, ноември 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Крави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итна разрешница...

Крави го узурпираат центарот на Крива Паланка – општината бара итна разрешница на проблемот

1

Реакциите на загрижените граѓани не стивнуваат. И вчеравечер биле забележани како крави слободно се движат низ централното градско подрачје на Крива Паланка, узурпирајќи ги јавните и зелените површини.

Видеоматеријалите што ги доставуваат граѓаните ја документираат состојбата и ја нагласуваат потребата од итно постапување.

Притоа, граѓаните апелираат за конечно решавање на овој горчлив, децениски проблем, кој го нарушува секојдневното живеење и создава ризици за безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот, како и за зачувувањето на јавните површини.

Надоврзувајќи се на претходното соопштение на Кризниот штаб, Општина Крива Паланка бара Владата итно да се вклучи во решавањето на проблемот, преку координирано дејствување на надлежните институции и преземање конкретни мерки на терен.

-Неопходен е заеднички институционален одговор со јасни задолженија и неодложни активности што ќе доведат до трајно решение. Граѓаните со право очекуваат безбедно движење и непречено користење на јавниот простор – велат од Општина Крива Паланка.

Од Општината го пренесуваат апелот на своите сограѓани: „Овој децениски проблем мора итно да добие разрешница. Безбедноста на граѓаните и заштитата на јавниот простор мора да бидат приоритет“.

 

ИЗДВОЕНИ