На 15 јули 2016 година, обидот за крвавиот преврат на Фетулаџиската терористичка организација (ФЕТО) преку нејзините членови кои се инфилтрирале во турските вооружени сили, беше спречен со одлучноста, решителноста, волјата, храброста, пожртвуваноста на турската нација и одлучниот и храбриот став на нашиот почитуван претседател; турскиот народ застана зад демократските институции и власта која е избрана преку демократски избори. Во десетте години по обидот за преврат, Турција ги зајакна своите демократски институции и капацитетот за управување.

Победата на националната волја на нејзината десетгодишнина
Поминаа десет години од обидот за државен удар извршен од страна на Фетулаџиската терористичка организација (ФЕТО) вечерта на 15 јули 2016 година, која имаше за цел да го собори уставниот поредок на Република Турција, претседателот и легитимно избраната влада.
Ноќта на 15 јули 2016 година, турската нација го ризикуваше својот живот во одбрана на нашата Република основана според принципот на „Суверенитетот безусловно ѝ припаѓа на нацијата”, и легитимната влада која дојде на должност по демократските избори. За време на нападот на предавниците врз Големото национално собрание на Турција која ја претставува волјата на нацијата, претставниците од владејачките и опозициските партии собрани во Собранието, обединувајќи се дадоа пораки на единство и солидарност. Народот во Анкара, Истанбул и во уште многу градови им се спротивставија на членовите на ФЕТО кои ги користеа тенковите, воените авиони, хеликоптерите на нацијата против нацијата, излегоа на улица и докажаа дека нема да се покорат на државниот удар.
Предавничкиот обид за државен удар каде што 253 наши државјани ги загубија своите животи, над две илјади наши државјани беа ранети, беше соборен како резултат на нашата нација која покажа општествен народен отпор кој служи за пример во историјата на светската демократијата. Одлучниот став на нашиот почитуван претседател, меѓупартискиот консензус на нашите пратеници и заедничката волја и непоколебливиот став на нашата нација, со сите сегменти ја донесоа победата. 15 јули е победа на нацијата, на националната волја, независноста, демократијата.
Победата од 15 јули, која влезе во историјата на светската демократија, претставува моќен пример за заштита на демократскиот легитимитет преку волјата на народот. Изложената волја на 15 јули не е само извор на заедничкиот успех на нацијата и заедничките вредности и достигнувања кои и денес ги присвојуваме, туку истовремено е и еп на самодоверба и единство. Таа е гаранција за долгорочна стабилност, независност и иднина на Турција.
Потребно е сите да запомниме една важна работа, а тоа е дека ФЕТО, чие темно и валкано лице е откриено со судски одлуки и признавања од самата организација, не е сериозен ризик само за Турција туку тоа е сериозен ризик и за демократијата и за институционалните структури во земјите каде што се наоѓа.
Во последователниот период, како резултат на сеопфатната борба на нашите демократски институции и силите за спроведување на законот, вклучувајќи ја и нашата армија, во јавниот и приватниот сектор се со цел расчистување од ФЕТО и поврзаните структури, се спроведоа правни процеси, и како резултат на сето ова се елиминира сферата на дејствување внатре во земјата. Турција, со расчистување на нејзините институции од ФЕТО, ги зајакна демократската издржливост и капацитетот на владеење, како една држава која е отпорна на кризи, стабилна и со висок институционален капацитет. Со едно сфаќање на мобилизирање на домашните и на националните можности, со активностите во полињата на надворешна политика, одбранбена индустрија, хуманитарна помош, безбедност, технологија, здравство, транспорт, инфраструктура и развој, ја зајакна својата моќна позиција во меѓународната сцена.
По 10 изминати години од обидот на кукавичкиот обид за државен удар, Република Турција, чиј компас е национална волја и национален суверенитет, го одржува своето национално единство и заедништво, и безбедно чекори кон иднината. Турција и во наредниот период ќе продолжи да игра активна улога како ефикасен, одговорен и одлучен актер на регионално и глобално ниво, во рамките на својата хуманитарна, претприемачка и ефикасна надворешна политика заснована врз база на мир, дипломатија, развој и соработка.
(Авторот е амбасадор на Република Турција во Македонија)











