петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Клиниките за Кардиологија и Неврологија добија нови директори

Клиниките за Кардиологија и Неврологија добија нови директори

213

Даница Петкоска Спирова и Игор Кузмановски се назначени за нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија.

Д-р Даница Петкоска Спирова е нов директор на Клиниката за кардиологија. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии.

Др. Игор Кузмановски, роден 1972 во Скопје е вработен на Клиниката за неврологија од 1996 година.  Тој сега е назначен за нејзин директор. Докторирал 2016 и е актуелен професор на Медицински факултет Скопје.

ИЗДВОЕНИ