Денес на Халкидики стапи на сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради високиот ризик од шумски пожари. Мерката, која ќе биде на сила од 8 до 20 часот, се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожар е во категорија 3, пренесе порталот Теспост.
Во исто време, се планира отстранување на возилата и луѓето што ќе се најдат во подрачјата каде што е на сила забраната, објавува Евроњуз.
Локалните власти ги повикаа жителите и посетителите да ја почитуваат забраната и упатствата од надлежните органи, а кршењето на забраната повлекува казна од 300 евра.












