Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изговорила „само една интересна фраза“ во текот на својата кариера, алудирајќи на нејзината неодамнешна забелешка за алкохолот.
Каја Калас претходно изјави дека Русија нападнала 19 земји, вклучувајќи ги и африканските, во текот на изминатиот век. Руски новинар го прашал рускиот претседателски помошник што сакала со тоа да каже шефицата на европската дипломатија.
„Не знам“, одговори Ушаков, додавајќи:
„Мислам дека таа кажа интересна работа за време на нејзината кариера. Рече: „Време e да се напиеме“. Мислам дека сега таа треба и да го направи тоа“.
„А, веројатно и ние“, додаде дипломатот со насмевка.
Каја Калас е шеф на европската дипломатија, односно висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, од декември 2024 година.












