Германската Влада планира повторно да воведе поширока регрутација до 2028 година, а во моментов спроведува модел на доброволна служба со задолжителни прашалници и медицински прегледи за 18-годишниците. Целта е да се зголеми бројот на војници и подобро да се подготви земјата за можни безбедносни предизвици, првенствено во светлината на руската агресија врз Украина и општата нестабилност во Европа. Деталите за критериумите за издавање дозволи и можните исклучоци сè уште се финализираат
Од 1 јануари 2026 година, сите мажи во Германија на возраст меѓу 17 и 45 години ќе мора да добијат официјална дозвола од Бундесверот за да останат во странство повеќе од три месеци. Новата одредба важи без оглед на причината за патувањето, без разлика дали станува збор за студирање, работа, туризам или за нешто друго. Според измените на Законот за воена служба, кои беа усвоени како дел од поширок пакет за модернизација на германската армија, дозволата мора да се побара во Кариерниот центар во Бундесверот. Правилото е трајно и не важи само во случај на криза или војна туку е на сила и во мирновременски услови. Портпаролот на германското Министерство за одбрана изјави дека целта на мерката е властите да знаат кој е надвор од земјата подолго време, во случај на вонредна состојба.
Новата обврска доаѓа во контекст на пошироките германски одбранбени реформи. Германската Влада планира повторно да воведе поширока регрутација до 2028 година, а во моментов спроведува модел на доброволна служба со задолжителни прашалници и медицински прегледи за 18-годишниците. Целта е да се зголеми бројот на војници и подобро да се подготви земјата за можни безбедносни предизвици, првенствено во светлината на руската агресија врз Украина и општата нестабилност во Европа. Деталите за критериумите за издавање дозволи и можните исклучоци сè уште се финализираат, објавува „Киев пост“.
„Берлинер цајтунг“ објавува дека германската Влада има намера да го зголеми бројот на војници во Бундесверот од сегашните приближно 184.000 на 255.000 до 270.000 до 2035 година. За таа цел, сите млади луѓе родени во 2008 година или подоцна ќе добијат прашалник во кој, меѓу другото, ќе треба да се изјаснат за подготвеноста за воена служба. Пополнувањето е задолжително за мажите, а доброволно за жените, бидејќи Основниот закон (германскиот устав) пропишува регрутација само за мажите. Подоцна ќе се спроведе сеопфатна анкета.
Самиот процес на регрутирање ќе се воведува постепено. Во 2026 година, оние што ја навеле во прашалникот својата подготвеност за воена служба ќе бидат први што ќе се подложат на медицински прегледи. Подоцна ќе следува сеопфатен процес на регрутирање за сите млади мажи. Принципот на доброволност останува непроменет: никој нема да биде принуден да служи во вооружените сили. За милиони мажи во Германија сè уште е нејасно како ќе се спроведува во практика новиот услов за дозвола за патување.












