четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Кај згодната Драгана нема лага – и песната и спотот се со...

Кај згодната Драгана нема лага – и песната и спотот се со моќна емотивна порака

255

Со новиот хит „Лага“ ќе ја освои публиката!

Македонската музичка сцена периодов не запира – со нови песни, нови атрактивни лица, нови проекти, нови концерти на популарните пејачи. Летото како да е идеална инспирација за сите на естрадата. Свежи песни и модерни продукции речиси секојдневно го привлекуваат вниманието на публиката. Во таа низа, своето ново музичко остварување го промовира новата музичка надеж, талентираната Драгана Јовановска.  Станува збор за песната „Лага“, проект зад кој стојат добро познатите хит-мејкери од домашната музичка сцена – раперите Христијан Настески-Пајак и Христијан Тасковски-Таско, како и продуцентот Иван Јованов- Ивајо. Музиката ја потпишува Пајак, текстот е заеднички на Пајак и Таско, додека аранжманот, миксот и мастерингот ги изработи Ивајо.

Видеоспотот за песната го реализираше Алек Тасевски и тој се снимаше на атрактивни локации на Козјак.  Покрај самата песна, големо внимание привлекува и секси изгледот на Драгана, која се појавува во видеото во модерно и светски осмислено издание. Со внимателно избраната облека, впечатливиот имиџ и со сигурниот настап пред камерите, убавата пејачка остава впечаток на некоја што е подготвен за големата музичка сцена. По повод премиера на песната, Драгана не ја криеше возбудата за новиот музички проект.                –  Многу се радувам затоа што, конечно, по неколку месеци откако самата дома ја слушав „Лага“, сега и публиката ќе има можност да ја слушне. Задоволна сум од овој проект, затоа што сметам дека секој беспрекорно го заврши својот дел.

Сигурна сум дека доколку барем еднаш ја слушнете песната, ќе се воодушевите. Со оваа песна, воедно ќе ви препорачам да се потрудите да не слушате и не упатувате лаги во животот, туку да уживате во мојата нова песна, која има јасна порака – емотивно изјави Драгана.

Со модерната продукција, впечатливиот рефрен и со моќниот звук, песната „Лага“ уште од самиот старт привлекува внимание кај публиката. Коментарите на социјалните мрежи охрабруваат дека песната има потенцијал да стане еден од поголемите домашни хитови во овој летен период што ни пристигнува.            (Д. М.)

ИЗДВОЕНИ