Бројот на жртви во големиот пожар што избувна во фабрика за автоделови во Даеџон, Јужна Кореја, во петокот се искачи на 11, соопштија денес локалните власти.
Спасувачите ги извлекоа останките на 11-та жртва од изгорените урнатини околу пладне во саботата, објави Јонхап.
Уште три лица се водат како исчезнати, додека најмалку 59 лица се повредени во експлозијата и пожарот, вклучувајќи двајца пожарникари.












