понеделник, ноември 16, 2026
Дома МАГАЗИН Јелена Ѓоковиќ: Среќно на сите што ме трпат

Јелена Ѓоковиќ: Среќно на сите што ме трпат

32
Фото:принтскрин, Инстаграм

По завршувањето на четвртата конференција за родителство – организирана во соработка со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ – Јелена Ѓоковиќ истакна дека ова изгледа како само почеток на разговорот за поддршката на родителите.

„Имам чувство дека сме дури на почетокот!“ напиша Јелена во објава на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Таа сподели и една забелешка што ја слушнала за време на едно од предавањата – коментар што ја насмеал, но и послужил како потсетник за тоа колку може да биде напорно родителството, пренесе „ЦДМ“.

„Некој на едно од нашите предавања рече: ’За секоја година што детето расте, родителот остарува десет години‘. Па, сега ми е јасно зошто никогаш не можеме да имаме доволно поддршка кога станува збор за родителството!“ рече таа низ смеа.

 

Јелена нагласи дека токму нејзините најблиски ѝ ја даваат дополнителната охрабрувачка поддршка што ѝ е потребна за да остане љубопитна, да поставува прашања и постојано да учи.

„Го сакам моето семејство и начинот на кој моите деца, сопругот, родителите, сестрата и пријателите постојано ме охрабруваат да бидам љубопитна, да поставувам прашања и да учам нови работи. И ми се допаѓа што можам сето ова да го споделам со вас“, напиша таа.

Таа исто така призна дека нејзината љубопитност понекогаш може да биде исцрпувачка за луѓето околу неа, но додаде дека нема намера да се промени. „Знам, знам… Мојата бескрајна љубопитност понекогаш може да биде исцрпувачка, но немам апсолутно никаква намера да ја намалам. Напротив! Затоа, среќно на сите што ме трпат“, се пошегува Јелена.

Потоа таа се осврна на својот сопруг, споделувајќи шармантна и малку провокативна порака.

„А мојот сопруг изгледаше толку добро, што едноставно не можев да одолеам да не се пофалам колку е згоден. Само мал потсетник дека не сте единствените што го обожаваат!“ напиша Јелена, покрај фотографиите од Новак Ѓоковиќ.

ИЗДВОЕНИ