Двократниот светски шампион во пикадо, Лук Литлер, повторно ја разбранува спортската јавност со своите изјави, тврдејќи дека во моментов е поуспешен од фудбалската сензација, Ламин Јамал.

Во интервју за британскиот „Сан“, 19-годишниот Англичанец изјави дека токму тој е најдоминантниот млад спортист во светот. Иако го пофали Јаник Синер за освоениот Вимблдон, смета дека неговата сезона е уште поимпресивна.

  • Тешко е да се споредуваат спортовите. Синер го освои Вимблдон, но видете колку победи имам и колку трофеи освоив. Веројатно сум најдобар – изјави Литлер.

Најмногу реакции, сепак, предизвика неговиот коментар за Ламин Јамал. И покрај тоа што крилниот напаѓач на Барселона ова лето стана светски шампион со Шпанија, Литлер смета дека неговите достигнувања не се доволни.

  • Не направи многу, нели? Постигна еден гол и имаше една асистенција – порача Литлер.

Младиот Англичанец зад своите зборови ги става и резултатите. Во 2026 година ги освои сите големи телевизиски турнири на PDC и е на чекор да стане првиот пикадо-играч што ги освоил сите најзначајни титули во една календарска година.

  • Дали Јамал е најдобриот 19-годишник во светот? Не е. Да освојувам турнири и да продолжам да победувам, тоа е единственото нешто што ми е важно – заклучи самоуверениот Литлер.

ИЗДВОЕНИ