четврток, јуни 11, 2026
Дома МАГАЗИН Јапонската премиерка ги угости своите идоли – членовите на бендот „Дип парпл“...

Јапонската премиерка ги угости своите идоли – членовите на бендот „Дип парпл“ во Токио/ФОТО/ВИДЕО

190
EPA/YUICHI YAMAZAKI / POOL

Јапонската премиерка Санае Такаичи денес во Токио го угости легендарниот британски рок бенд „Дип парпл“ како нивни долгогодишен обожавател.

„Добредојдовте во Јапонија… О, не можам да верувам дека „Дип парпл“ се тука. Отсекогаш ве восхитував. Ти си мој бог“, рече Такаичи додека ги поздравуваше членовите на бендот.

Такаичи му подари на тапанарот Иан Пејс сет стапчиња за тапани TAMA произведени во Јапонија, кои таа ги потпишала, објави Асошиејтед Прес.

„Ти си тапанар, ние сме пријатели“, ѝ рече Пејс.

Такаичи е обожавател на хард рок и хеви метал музиката и беше страствен тапанар за време на нејзините студентски денови.

Јапонската премиерка објасни дека е „суперфан на „Дип парпл“ повеќе од половина век.

Таа веќе го слушала „Машин Хед“, албумот на бендот од 1972 година, кој вклучува хитови како „Highway Star“ и „Smoke on the Water“, во основно училиште.

Во основно училиште, таа свирела клавијатури во бенд кој ги изведувал песните на Deep Purple, а потоа како ученичка преминала на тапани, рекла таа.

„Денес, кога се расправам со мојот сопруг, свирам тапани на „Burn“ и го проколнувам“, се пошегува Такаичи.

Таа претходно ја навела „Burn“ како една од нејзините омилени песни, за која вели дека „ѝ го разбиструва умот“.

Учтивотата посета на британскиот бенд беше добредојдена одмор за првата жена лидер на Јапонија.

„Изразувам најдлабоко почитување кон вас што создавате рок историја и што продолжувате да се справувате со нови предизвици и да создавате уште попривлечна музика денес“, рече Такаичи, посакувајќи им успешна турнеја што започнува утре во Токио.

Такаичи нагласи дека промовирањето на културни содржини е една од клучните области на стратегијата за раст на нејзината влада, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ