четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Јанша ги оспорува изборите во Словенија: „На крајниот резултат влијаеја бројни нерегуларности“...

Јанша ги оспорува изборите во Словенија: „На крајниот резултат влијаеја бројни нерегуларности“ – најави оспорување на резултатите

346

Јанез Јанша тврди дека изборите биле обележани со нерегуларности и најавува правна постапка поради спорното предвремено гласање и тесната победа на Движењето за слобода.

Лидерот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша изјави денеска дека параменарните избори одржани во неделата биле проследени со бројни неправилности и најави оспорување на резултатот од предвременото гласање.

Јанша, како што пренесува словенечката новинска агенција СТА, на прес-конференција изјавил дека неправилностите се однесуваат на гласањето преку пошта и на ракувањето со гласачките кутии, со тврдења дека кутиите биле наводно изнесувани од одредени избирачки места. Тој наведе дека СДС ќе ги искористи сите расположиви правни средства да се оспорат резултатите од предвременото гласање, кои ги смета за несигурни. Според него, проблем е и спојувањето на избирачките места за неколку изборни единици за време на предвременото гласање, како и сомнежите за соодветната заштита на гласачките кутии.

Јанша истакна дека резултатите од предвременото гласање значително се разликуваат од оние забележани во неделата, особено кога станува збор за поддршката на Движењето Слобода на словенечкиот премиер Роберт Голоб.

„Овој дел од резултатите е спорен. Разликите се толку големи што резултатот не е веродостоен и сметаме дека не би требало да влијае на конечната распределба на мандатите“, тврди Јанша.

Тој додаде дека СДС нема да ги оспорува изборите во целина, туку ќе поднесува тужби до локалните изборни комисии поради различни неправилности. Тој исто така наведе дека сите избирачки списоци се застарени и дека повиците на гласање биле испраќани до починати лица, додека некои гласачи во странство, особено во Арегентина, останале без гласачки ливчиња, додека некои во Брисел добиле две.

Според резултатите, Движењето Слобода победи со тесна разлика во однос на СДС, со помалку од 8.000 гласови предност и едно место повеќе во парламентот од 90 пратеници.

 

ИЗДВОЕНИ