вторник, август 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Јанчев: По три дена непрекината борба, целосно е изгаснат пожарот кај село...

Јанчев: По три дена непрекината борба, целосно е изгаснат пожарот кај село Раец

11

Пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат по три дена непрекината борба со огнената стихија, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Во објавата тој истакнува дека во справувањето со пожарот учествувале голем број институции, служби, доброволци и жители, чија пожртвуваност и координација биле клучни за успешното гаснење.

„Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци што деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија“, наведува Јанчев.

Тој упати благодарност до Територијалните противпожарни единици од Кавадарци и Неготино, ЈП „Комуналец“ – Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Општата болница Кавадарци, Шумското стопанство „Бор“, Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, ОВР Кавадарци, Граничната полиција – Југ, доброволните противпожарни друштва, како и до доброволците и жителите на селата Раец и Дреново.

„Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба. Заедно покажавме дека кога сме обединети, можеме да се справиме и со најголемите предизвици“, порача Јанчев.

ИЗДВОЕНИ