Голем пожар избувна вечерва околу 21 часот на Савскиот насип во Белград, а пламенот може да се види од многу делови на градот.
Познатиот сплав на Савскиот насип бил целосно изгорен во пожарот, а како што неофицијално дознава српски Телеграф, огнот се проширил на сплавот, кој претходно бил извлечен на брегот.
Пожарникарите сè уште се борат да ги локализираат пламените јазици, кои се закануваат да се прошират поради силниот ветер. Очевидци велат дека се слушнале и три или четири детонации.
View this post on Instagram












