сабота, септември 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Изборот на Беким Сали и на Мухамед Хоџа во Собранието ќе стартува...

Изборот на Беким Сали и на Мухамед Хоџа во Собранието ќе стартува за околу две недели

101

За околу две недели може да се очекува стартотна седницата на македонското Собрание на која треба да се изврши изборот на новиот вицепремиер Беким Сали и на новиот министер за животна средина Мухамед Хоџа. Ова на денешниот брифинг со новинари го најави собранискиот спикер Африм Гаши навестувајќи дека седницата би можела да биде закажана во периодот од 15-ти до 18-ти декември.

-На таа седница прво треба да се изврши разрешување на министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Потоа, да се пристапи кон изборот на новиот вицепремиер и на новиот министер. Точниот термин зависи од тоа кога ќе се заврши собраниската седница посветена на усвојувањето на Буџетот за следната година. Таа започнува на 9-ти декември и неизвесно е колку дена ќе трае – рече Гаши.

Тој додаде дека идејата му е на истата седница да има и точка посветена на пратеничките прашања на опозицијата. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ