Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пукањето на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон, на која присуствувал, нема да го одврати од војна во Иран и дека верува дека инцидентот веројатно не е поврзан со тој конфликт.
„Тоа нема да ме одврати од победа во војната во Иран. Не знам дали имало некаква врска со тоа, навистина не мислам така, врз основа на она што го знаеме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, на прес-конференција по инцидентот, пренесуваат агенциите.












