недела, јуни 21, 2026
Дома СВЕТ ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се бараат 82 патници од еден лет – можеби биле...

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Се бараат 82 патници од еден лет – можеби биле во контакт со заразеното лице со хантавирус

741
EPA/ELTON MONTEIRO

Ситуацијата со крузерот на кој се појави хантавирус, излезе од контрола. Светската здравствена организација итно бара 82 патници од еден лет, бидејќи можеби биле изложени на опасниот, а понекогаш и смртоносен хантавирус што хара на холандскиот крузер „MV Hondius“.

Според најновите информации, се случил првиот случај на заболување на лице кое не било на холандскиот крузер, а станува збор за француски државјанин кој се заразил со хантавирус откако летал со еден од патниците од бродот, пишуваат француските медиуми, повикувајќи се на извор од Министерството за здравство.

Случајот е откриен при следење на контактите на заразените лица, а според Sky News, во тек се тестови за да се потврди дали станува збор за сојот на вирусот од Андите, единствениот вид хантавирус што може да се пренесува меѓу луѓето.

Светската здравствена организација (СЗО) итно бара 82 патници, бидејќи можеби биле изложени на хантавирус, а постои ризик тие да го прошират понатаму и да заразат луѓе низ целиот свет, пренесе „Вечерњи лист“.

Заболените имаат симптоми како треска, проблеми со варењето, пневмонија и тешкотии при дишењето.

Вирусот обично се пренесува преку контакт со урина, измет и плунка на заразени глодари, но СЗО се сомнева дека на бродот имало и пренос од човек на човек, пишува германскиот „Билд“.

На 25 април, жена која била на крузерот била транспортирана од островот Света Елена во Јужна Африка, каде што починала во болница од последиците на хантавирусот.

Нејзиниот сопруг и уште едно лице исто така починале порано. Затоа, СЗО сега бара патници на летот 4Z132, бидејќи и тие можеби биле во контакт со заразеното лице.

ИЗДВОЕНИ