Во комбинација со топлотниот бран за кој италијанското Министерство за здравство издаде црвена тревога, температурите се перцепираат како уште повисоки, објавија денес италијанските власти.
Мрежата на Хидролошката и метеоролошката опсерваторија на регионот Лигурија (OMIRL) регистрираше влажност од 97 проценти во градот Пиеве ди Теко, во округот Империја, додека во Камоли, во округот Џенова, таа беше 95 проценти, ниво карактеристично за турска бања.
Меѓу покраинските главни градови, највисока влажност е забележана во Џенова, каде што се измерени 75 проценти, објави италијанскиот весник Sole24Ore.
Следи Савона со 67 проценти, Империја со 55 и Ла Специја со 48 проценти влажност, пренесе „Танјуг“.












