петок, август 7, 2026
Дома СВЕТ Италија под долготраен топлотен бран: Температурите остануваат екстремно високи и во наредните...

Италија под долготраен топлотен бран: Температурите остануваат екстремно високи и во наредните 10 дена

0

Италија и поголемиот дел од Европа се погодени од долготраен топлотен бран, а метеоролозите предупредуваат дека не се очекува значително заладување барем до 18 август.

Според порталот „iLMeteo.it“, африканскиот антициклон ќе продолжи да доминира во времето, додека најавеното освежување околу 19 август би можело да биде само краткотрајно.

Иако предупредувањето за топлина ќе биде намалено од црвена на жолта утре во неколку градови на северот од земјата, дури 21 италијански град сепак ќе останат под највисоко ниво на предупредување, објави „Кориере дела сера“.

Властите ги повикаа жителите и туристите да избегнуваат директно изложување на сонце во најжешките часови од денот, да останат во затворен простор секогаш кога е можно и да пијат многу вода, а туристичките атракции се адаптирани со климатизација.

Шпанија „гори“: Измерена екстремна температура на Средоземното море

ИЗДВОЕНИ