Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија од банкнота од 100 долари со негов потпис, што е првпат потпис на американски претседател да се појави на хартиени пари. Објавата доаѓа неколку месеци откако Министерството за финансии на САД најави дека по повод 250 годишнината од прогласувањето на независнота на САД, потписот на Трамп ќе биде вклучен во специјално издание на американска валута.
На банкнотѕата стои потписот на Трамп, над оној на секретарот за финансии Скот Бесант. Досега, американските банкноти го имаа потписот на секретарот за финансии и државниот благајник, но не и на претседателот.
„Трагата на претседателот во историјата како архитект на економското заживување на Америка од златната ера е неоспорно. Печатењето на неговиот потпис на американска валута не е само соодветно, туку и целосно заслужено“, претходно ја објасни одлуката секретарот за финансии Брендон Бич.
Според CNN, Трамп долго време се обидува неговото име и ликот да се појават на разни владини документи и ознаки. Неговата администрација претходно воведе комеморативен пасош, пропусници за национални паркови, транспаренти пред федералните институции и специјални инвестициски сметки за деца со неговото име или слика.
Under President Trump’s leadership, we are on a path toward unprecedented economic growth, lasting dollar dominance, and fiscal strength and stability. There is no more powerful way to recognize the historic achievements of our great country and President Donald J. Trump than U.S… pic.twitter.com/4dvhML2f7h
— Treasury Secretary Scott Bessent (@SecScottBessent) July 4, 2026
Во меѓувреме, државата Флорида го преименува Меѓународниот аеродром Палм Бич по Доналд Трамп.
Некои членови на Конгресот на САД отидоа чекор понатаму и предложија закон со кој ќе се стави портретот на Трамп на комеморативна банкнота од 250 долари. Сепак, усвојувањето на таков предлог во моментов е неизвесно, бидејќи сегашниот закон предвидува дека само портрети на починати лица можат да се појават на американската валута, освен ако Конгресот не даде исклучок.
Бесант: Објавени банкноти потпишани од Трамп
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, објави дека банкноти од американски долари потпишани од Доналд Трамп се објавени по повод 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.
Бесант ја потврди одлуката на платформата X споделувајќи ја објавата на американскиот претседател со фотографија од банкнота од 100 долари со потпис на Трамп.
„Нема подобар начин да се одбележат историските достигнувања на нашата голема земја и претседателот Доналд Џ. Трамп отколку со американски банкноти потпишани од него, и сосема е соодветно ова историско издание да се појави по повод 250-годишнината од земјата“, рече Бесант.
Администрацијата во Вашингтон минатата година го додаде името на Трамп во Американскиот институт за мир, како и во одборот на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“, кој тој го презеде на почетокот на неговиот втор мандат.
Судијата подоцна пресуди неговото име да се отстрани од уметничкиот комплекс.












