Мета и Јутјуб прогласени за одговорни за зависноста од социјалните медиуми во историска пресуда.
Поротата на Врховниот суд на округот Лос Анџелес штотуку пресуди дека и Мета и Јутјуб постапиле небрежно откако 20-годишна жена изјави дека нејзиното рано користење на социјалните медиуми ја направило зависна и ја влошило нејзината депресија, објави Скај њуз.
Во тужбата, тужителите велат дека Инстаграм и Фејсбук, во сопственост на Мета, Јутјуб, во сопственост на Гугл, и ТикТок и Снепчет „го преобликувале начинот на кој нашите деца размислуваат, чувствуваат и се однесуваат“, се наведува во заедничката тужба.
Snapchat и TikTok беа исто така меѓу обвинетите во случајот, но тие се спогодија со тужителите пред почетокот на судењето. Условите на спогодбите не беа откриени.
Исходот од правната битка би можел да послужи како „патоказ“ за слични случаи во иднина.
Одлуката доаѓа откако поротата на посебно судење во Ново Мексико откри дека Мета му штети на менталното здравје на децата и го крши законот за заштита на потрошувачите на државата, за што беше казнет со 375 милиони долари (280 милиони фунти).












