четврток, јуни 4, 2026
Дома КУЛТУРА Ирска во транс поради првиот „Оскар“ за Џеси Бакли во „Хамнет“ –...

Ирска во транс поради првиот „Оскар“ за Џеси Бакли во „Хамнет“ – се огласи и претседателката : „Наградата е историски момент“

264
Фото: EPA/JILL CONNELLY

Актерката Џеси Бакли, ѕвездата на филмот „Хамнет“, стана национална хероина во Ирска, пишува „Варајети“.

Таа влезе во историјата како прва Ирка што освои „Оскар“ за најдобра актерка.

Ирската претседателка Кетрин Коноли, исто така, се огласи.

„Наградата е историски момент“, рече Коноли во соопштение за медиумите.

Таа тврди дека наградата е заслужена.

„Ова достигнување е заслужен доказ не само за нејзината извонредна изведба во филмот „Хамнет“, туку и за нејзините изведби во текот на нејзината кариера. Знам дека нејзината горда заедница во Кери и пошироко ќе го сподели ова прекрасно достигнување со неа“, нагласи Коноли.

Актерката не ги криеше своите емоции кога нејзиното име беше прочитано на церемонијата одржана во Холивуд, која повторно ја водеше комичарот Конан О’Брајан.

„Ова е навистина нешто посебно“, рече Бакли на почетокот од својот говор, заблагодарувајќи им се и на своите колеги кои беа номинирани во истата категорија.

ИЗДВОЕНИ