петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Ирански министер за наука: Повеќе од 30 универзитети цел на воздушни напади,...

Ирански министер за наука: Повеќе од 30 универзитети цел на воздушни напади, Техеран ќе возврати со иста мера

170
Фото:принтскрин, видео „Икс“

Иранскиот министер за наука, Хосеин Симаи Сараф, го осуди денешниот напад врз Универзитетот во Техеран, нарекувајќи го „однесување од камената доба“. Воздушниот напад сериозно оштети центар за ласерски истражувања, а Сараф остро ги критикуваше напаѓачите за време на обиколката на локацијата.

Повеќе од 30 универзитети се директно цел на напади во Иран од почетокот на војната со САД и Израел на 28 февруари, изјави иранскиот министер за наука Хосеин Симаи Сараф.

Тој ги даде овие забелешки за време на посетата на Универзитетот Шахид Бехешти во северен Техеран.

„Непријател без корени во историјата, културата и цивилизацијата се однесува полошо од луѓето од камената доба“, рече тој.

Сè уште не е јасно кој го извршил нападот, дали станува збор за американски или израелски сили, ниту зошто бил цел на истражувачкиот центар.

Израел претходно во неколку наврати ги таргетирал иранските научници и истражувачки капацитети поврзани со неговата нуклеарна програма.

По нападите врз универзитетите, Техеран се закани дека ќе возврати со возвратни мерки против американските универзитети на Блискиот Исток, објавија француските медиуми, пренесе “Бета“.

ИЗДВОЕНИ