Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, денес го нарече американскиот претседател Доналд Трамп криминалец и убиец, одговарајќи на неговата најава дека вечерва ќе започне нови напади врз Иран.
Трамп денес во Анкара изјави дека Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран не успеал и најави дека вечерва ќе следат нови разорни напади.
Како одговор, Гарибабади нагласи дека зборовите на Трамп „не се знак на сила, туку признание за неуспехот на политиката градена со години врз сила, санкции и закани, која на крајот не успеа да ја доведе иранската нација на колена“, објави „Си-ен-ен“.
„Со криминалецот и убиец Трамп треба да се зборува на единствениот јазик што го разбира, а очигледно е дека ова е јазикот на силата“, рече Гарибабади.












