среда, јули 8, 2026
Дома СВЕТ Венс до Иранците: Ако продолжите да пукате по бродови, ќе возвратиме посилно...

Венс до Иранците: Ако продолжите да пукате по бродови, ќе возвратиме посилно од кога било

22
Фото: EPA/SHAWN THEW / POOL

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, рече дека Иран не го почитува меморандумот за разбирање и предупреди дека Соединетите Држави имаат право да „возвратат посилно од кога било досега“ ако иранските сили продолжат да напаѓаат трговски бродови.

„Основниот договор што го постигнавме беше дека ќе ја укинеме блокадата ако престанете да пукате по бродови. Но, ако продолжите да пукате по бродови, ќе возвратиме посилно од кога било досега. Тоа беше договорот. Тие рекоа дека ќе престанат да пукаат по бродови, а што се случи пред 24 часа? Повторно почнаа да пукаат по бродови“, рече Венс на настан во Милвоки.

„Договорот е многу едноставен: ако пукаат по бродови, ќе ги срамниме со земја. Толку е едноставно“, додаде тој.

На прашањето што се случува со војната со Иран, со оглед на новите закани на претседателот Доналд Трамп, Венс рече дека „претседателот има многу опции“ кога станува збор за неговата цел да го задржи Ормускиот теснец отворен.

„Секако дека нема да ви кажам точно што ќе се случи вечерва, но претседателот им стави до знаење дека Ормутскиот теснец ќе остане отворен. Тоа значи дека нафтата и гасот ќе продолжат да стигнуваат до американскиот народ“, рече тој.

„Доколку се обидат да го затворат, ќе има одговор од американската војска“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ