петок, јули 24, 2026
Дома МАГАЗИН Иранската влада се пожали до УНЕСКО за нападите врз спомениците на културното...

Иранската влада се пожали до УНЕСКО за нападите врз спомениците на културното наследство кои датираат од 16 век

152
Фото:википедија

Иранската влада официјално се жалеше до Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) за штетата на неколку споменици од културното наследство на Иран, вклучувајќи ги Голестанскиот дворец и познатата Голема чаршија во Техеран, поради воздушните напади на САД и Израел врз Техеран, објави „Ал Џезира“.

Поранешната палата на Шах во Голестан, позната како Версај на персискиот свет и вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО, беше оштетена во воздушните напади, а иранската влада објави фотографии што ја покажуваат штетата.

Голестанскиот дворец, која датира од 16 век, била користена како двор и резиденција од поранешната династија Каџари, а по нив и династијата Пахлави, сè до Исламската револуција во 1979 година.

После тоа, палатата беше запечатена, а потоа повторно отворена за јавноста во 1998 година, а дури во 2013 година УНЕСКО ја вклучи оваа зграда на својата листа на светско културно наследство.

Тоа е декоративно и уметничко ремек-дело, со царски комори, сали за државни работи, шарени декоративни плочки и ниши со декоративни фигури, пренесува „Танјуг“.

Голестан на персиски значи градина со рози, а комплексот Голестански дворец, изграден во 16 век, се состои од осум различни архитектонски структури распоредени околу цветни леи, базени и фонтани.

ИЗДВОЕНИ