Иранската новинска агенција Фарс објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Џаск откако тој ги игнорирал предупредувањата да застане. Агенцијата, повикувајќи се на локални извори, наведува дека воениот брод потоа се повлекол од областа.
„Цврсто и брзо предупредување од морнарицата на Исламската Република го спречило влегувањето на американските и ционистичките непријателски разорувачи во Ормускиот теснец“, пренесоа иранските државни медиуми
Тврдењето доаѓа неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска ќе почне да им помага на бродовите заглавени во клучниот воден пат. Централната команда на САД (CENTCOM) кратко потоа објави дека ќе ја поддржи операцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе започнат операции за ослободување на бродовите заглавени во Ормутскиот теснец во понеделник наутро. Тој ја опиша операцијата како „хуманитарен гест“ чија единствена цел е да им помогне на неутралните земји кои не учествуваат во војната меѓу САД и Израел против Иран.
„За доброто на Иран, Блискиот Исток и САД, им кажавме на овие земји дека безбедно ќе ги отстраниме нивните бродови од овој ограничен воден пат за да можат слободно и вешто да продолжат со својот бизнис“, напиша Трамп во објава.












