Иранските власти денес предупредија дека ќе ја нападнат регионалната инфраструктура, особено енергетската инфраструктура, поврзана со американските интереси, доколку Соединетите Американски Држави (САД) таргетираат ирански мост или електрана, како одговор на најновата закана на претседателот Доналд Трамп.
Повикувајќи се на воени извори, иранската новинска агенција Тасним објави дека Техеран ќе возврати со „таргетирање на инфраструктурата и мостовите во регионот, вклучувајќи ги и енергетските објекти“ каде што Вашингтон има интереси.
Изворот, исто така, ја потврди „железната волја“ на Иран да го спроведе својот суверенитет над Ормускиот теснец, тврдејќи дека преминувањето на бродови ќе биде безбедно само во координација со Техеран.
Изворот предупреди дека секое такво коцкање од страна на Доналд Трамп „уште еднаш ќе резултира со негов срам“.
Американскиот претседател претходно денес се закани дека неговите сили ќе нападнат „мост или електрана“ во Иран доколку Техеран отвори оган врз брод во Ормускиот теснец.
Предупредувањето дојде откако САД извршија уште еден бран напади врз Иран, при што воздушната одбрана пукаше над главниот град Техеран. Иран изврши ракетен напад врз Јордан, а предупредувања беа издадени во Бахреин и Саудиска Арабија, пренесе „Бета“.












