сабота, август 8, 2026
Дома СВЕТ Иран им постави услови на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец

Иран им постави услови на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец

0

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохамед Багер Золкадр, денес изнесе низа услови што САД мора да ги исполнат за повторно отворање на Ормускиот теснец за поморски сообраќај.

Золгхадр побара САД да ги повлечат американските сили од регионот, да платат воени репарации и да ги ослободат замрзнатите ирански средства, објави „Њујорк тајмс“.

Тој, исто така, побара Вашингтон да престане со нападите врз иранските сојузници во регионот и да престане да му се заканува на Иран.

Претходниот договор за прекин на огнот меѓу Иран и САД, постигнат во јуни, предвидуваше дека санкциите ќе бидат целосно укинати само во случај на конечен договор за нуклеарната програма на Иран.

Американските претставници претходно изјавија дека Иран може да добие пристап до замрзнатите средства само откако ќе се обврзе да се откаже од високо збогатениот ураниум.

Изјавите на Золгхадр следеа по обвинувањата на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс дека Техеран го информирал Вашингтон дека наводно ќе дозволи проток на енергија низ Ормуз на нивото што постоело пред конфликтот и дека нема да воведе такси за навигација во теснецот.

„Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред почетокот на конфликтот. Тоа е она што Иранците ни кажаа дека ќе го направат“, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“.

ИЗДВОЕНИ