Инцидент во Њујорк: На „Тајмс сквер“ е застрелан маж, полицијата трага по напаѓачот

30
Неименуван маж денеска е застрелан на „Тајмс сквер“ во Њујорк, а полицијата трага по напаѓачот, соопштија локалните власти.

 

Пукањето се случило околу пет часот изутрина по локално време, а жртвата се здобила со рана во десното рамо, пренесува „Њујорк тајмс“.

Мажот (29) е пренесен во блиската болница по инцидентот и се наоѓа во стабилна состојба, пренесува „Танјуг“.

 

Засега не е познато како се случило пукањето, но очевидците на социјалните мрежи изјавија дека се испукани четири или пет куршуми по караница на две групи младичи.

Полицијата додаде дека продолжува потрагата по напаѓачот, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ