четврток, јуни 25, 2026
Дома СПОРТ Ибрахимовиќ по историската победа на БиХ: Ме совладуваат емоции, ова се корените...

Ибрахимовиќ по историската победа на БиХ: Ме совладуваат емоции, ова се корените на мојот татко/ВИДЕО

1
EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Босна и Херцеговина продолжи да пишува историја на Светското првенство со победата во последното коло од групната фаза против Катар и пласманот во нокаут фазата, а успехот на „Змејови“ предизвика силни емоции во студиото на FOX Sports.

Златан Ибрахимовиќ зборуваше за важноста на фудбалот и емотивните сцени што доаѓаат од Босна и Херцеговина за време на неговото гостување, нагласувајќи колку многу му значи овој момент лично.

„Затоа се игра фудбал – да се зближат луѓето, особено за Босна и Херцеговина, која многу страдаше. Емоциите ме совладуваат кога ја гледам целата оваа среќа. Ме фаќаат морници, бидејќи ова се корените на мојот татко“, рече Ибрахимовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FOX Sports (@foxsports)

Тој беше особено импресиониран од атмосферата на трибините и начинот на кој навивачите го прославија големиот триумф.

„Кога ќе видите 70.000 луѓе како пеат… Навивачите на БиХ веројатно веќе го освоија Светското првенство. Среќен сум и горд за нив. Тој момент кога пеат е нешто посебно. Сето ова е многу емотивно, тешко ми е да ги најдам вистинските зборови“, додаде тој.

Ибрахимовиќ рече дека е горд на успехот на БиХ на големата сцена.

ИЗДВОЕНИ