Променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од северен правец, ќе се задржи денеска, според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во вторник и во среда ќе преовладува стабилно време. Во четврток ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), а од крајот на денот под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд. Во петок локално врнежите ќе бидат пообилни, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Српскиот метеоролог-аматер Марко Чубрило, исто така, на Фејсбук најавува можен студен бран.
Како што вели, ќе биде суво и свежо до околу 25 март, а потоа времето ќе се промени и ќе се формира силен, секундарен циклон. Овој циклон се заканува да донесе силен студ, врнежи, а појавата на снег би била возможна и во пониските места, дури и под 500 метри надморска височина. Сигналот за релативно ладно време со чести врнежи е на сила до околу 5 април.
Според метеоролозите студен фронт ќе почне да се спушта над северозападна Европа и, кога ќе ги премине Алпите, некаде над Јадранското Море ќе следи секундарна циклогенеза.
Од среда, силен, студен фронт ќе почне да се спушта над северозападна Европа, а кога ќе ги премине Алпите, некаде над Јадранското Море ќе се случи секундарна циклогенеза.
„Овој циклон би можел да ни донесе поспецифични врнежи и посилен студен бран кон крајот на март, доволно силен, според некои пресметки, за кратко со најверојатно во петок и снег во низините“, пишува тој.
Во моментов, сигналот за релативно студено време е на сила до 5 април, а опасноста од снег во низините би останала барем до тој датум.












