понеделник, ноември 23, 2026
Дома СВЕТ И покрај противењето на управата, Трамп сака Хуанг да се врати на...

И покрај противењето на управата, Трамп сака Хуанг да се врати на чело на „Енвидиа“

1
EPA/JIM LO SCALZO

Претседателот на САД, Доналд Трамп, побара од одборот на директори на „Енвидиа“ (Nvidia) повторно да го постави Џенсен Хуанг на позицијата извршен директор, иако одборот веќе ја отфрли таа можност. Неговата интервенција доаѓа по појавувањето на нови детали во врска со наводни контакти меѓу партнерката на Хуанг, Алис Хуанг, и кинеските разузнавачки служби, пренесува „Форбс“.

„Њујорк тајмс“, објави дека Алис Хуанг, поранешна раководителка во компанијата „Мегаспид, била во контакт со агент на кинеското Министерство за државна безбедност во периодот помеѓу пролетта 2025 и есента 2026 година. Весникот се повикува на извори запознаени со разузнавачките извештаи на САД. Исто така, се наведува дека нејзиниот деловен партнер, Канг Веи – кој според некои извори е и нејзин сопруг – можеби соработувал со истата служба.

Според извештајот, Трамп бил свесен за наводните врски на Алис Хуанг, но ги минимизирал сомнежите и одбил да интервенира. Претставници од неговата администрација изјавија дека нема потврда оти таа се занимавала со шпионажа за Кина, додека директорот на националното разузнавање, Џеј Клејтон, потврди дека истрагите сè уште се во тек.

На социјалната мрежа „Трут соушал“, Трамп изрази надеж дека одборот на „Nvidia“ повторно ќе го ангажира Хуанг, сугерирајќи дека тоа би било во најдобар интерес и за компанијата и за Соединетите Држави.

Американскиот претседател и претходно јавно му даваше поддршка на поранешниот извршен директор. Претходно овој месец, тој разговарал со него телефонски, охрабрувајќи го да продолжи да се бори за својата позиција. Исто така, во подкастот на Стивен А. Смит, Трамп го опиша Хуанг како „исклучителен талент“ и го пофали неговото раководење со „Nvidia“. Минатата недела, Трамп изјави дека Хуанг „научил важна лекција“ и дека тој не би имал ништо против неговото враќање. Во петокот, тој повторно ја потврди својата поддршка, изјавувајќи: „Мораме да ги заштитиме нашите брилијантни луѓе. Џенсен е еден од нив“.

Самиот Хуанг реагираше на кампањата за негово враќање, наведувајќи на платформата „Икс“, дека би му претставувало „чест“ повторно да ја води компанијата. Тој посочи дека би се одѕвал на повикот доколку одборот процени дека неговото враќање е во најдобар интерес на акционерите, вработените и самата компанија. Сепак, Nvidia не даде никаков знак дека има намера да ја промени својата одлука. Претседателот на одборот, Харви Џонс, минатата недела изјави дека одборот нема планови повторно да го постави Хуанг на функцијата, напоменувајќи дека неговата оставка била прифатена едногласно. Компанијата ја ангажираше фирмата „Heidrick & Struggles“ за да пронајде траен наследник.

ИЗДВОЕНИ