понеделник, ноември 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ: Насилството врз жените бара институционална одговорност и целосно активирање на превентивните...

ВМРО-ДПМНЕ: Насилството врз жените бара институционална одговорност и целосно активирање на превентивните механизми

1

ВМРО-ДПМНЕ дава јасна поддршка на борбата против насилството врз жените и оценува дека ваквите случаи мора да добијат соодветен институционален одговор, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата посочуваат дека одговорноста не треба да заврши само кај Министерството за внатрешни работи, туку мора да бидат ставени во функција и превентивните механизми, со цел насилството да се спречи пред да дојде до трагични последици.

Како примери ги наведуваат убиствата на 31-годишната Ајнет во Битола и 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, како и случајот со Ивана и нејзината ќерка.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека покрај институционалната превенција, неопходен е и соодветен одговор од правосудните органи, односно од обвинителството и судовите.

Од партијата нагласуваат дека во справувањето со насилството врз жените не смее да има селективност, обвинувајќи дел од опозициските кругови дека се обидуваат темата да ја користат за политички поени.

Според ВМРО-ДПМНЕ, овие случаи не се нова појава, поради што е неопходно целосно функционирање на превентивните механизми, со крајна цел спречување на насилството врз жените.

ИЗДВОЕНИ