Три милиони евра е сумата што Хрватска ја исплаќа за пензии во Македонија или вкупно 439 милиони се исплаќаат во 50 држави во светот. Најголемиот дел отишол во земјите од поранешна Југославија – Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Црна Гора и Северна Македонија.
Во нашата држава се префрлени околу три милиони евра за 1.868 лица, кои го оствариле својот приход во таа земја, а сега живеат во Македонија.
Хрватскиот завод за пензиско осигурување за минатата година регистрирал намалување од 8.000 пензии што се испраќаат во странство. Повеќето пензии од Хрватска одат во соседните Босна и Херцеговина и Србија – точно околу 129.000. Германија е на третото место, по што следуваат Словенија и Австралија.
Минатата година, Хрватскиот завод за пензиско осигурување исплати само по една пензија на Ерменија, Монако, Парагвај, Перу и Јужна Кореја. По две пензии беа исплатени на Кипар, Малта, Мексико, Филипините, Тајланд и Турција. Меѓу земјите со најмалку платени пензии (само неколку) се Бразил, Грција, Чиле, Исланд, Израел, Португалија, Аргентина и Украина.