четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Хрватска под бела покривка/ВИДЕО

Хрватска под бела покривка/ВИДЕО

219

Дeнеска во Хрватска залади. Пооблачно и постудено е во внатрешноста, со повремени врнежи од дожд, а на планините лапавица и снег.

Снег паѓа на Плитвичките езера. Снег падна и на Медведница, каде што беа измерени три сантиметри снежна покривка.

Најстудено е во Завижан, каде што температурата на воздухот беше измерена четири степени под нулата, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Северен Јадран делумно сончев, со повремени налети и силен североисточен ветер. Умерена до силна бура со локални налети слични на ураган се очекуваат во подножјето на Велебит, а минливи умерени до силни јужни и југозападни ветрови, на југ.

Највисоката температура на воздухот е главно помеѓу 9 и 13 °C, значително пониска во Планинска Хрватска, а неколку степени повисока во Далмација, пишува DHMZ.

ИЗДВОЕНИ