недела, јуни 28, 2026
Дома БАЛКАН Хрват ги предупредува туристите: „Уживајте во нашата земја, но не наседнувајте на...

Хрват ги предупредува туристите: „Уживајте во нашата земја, но не наседнувајте на овие измами!“/ФОТО

190

Корисник на Reddit од Хрватска издаде сериозно предупредување до сите туристи што ја посетуваат оваа земја. Неговата објава брзо го привлече вниманието на бројни корисници кои споделија слични искуства и совети.

„До сите туристи што доаѓаат во нашата земја, послушајте го моето предупредување. Не влегувајте во случајни такси во Загреб, на море или било каде на друго место. Ќе ве измамат. Тукушто видов тепачка на главната железничка станица во Загреб, каде што таксист му наплатил на турист 60 евра за 3 километри, веројатно само го зел на улица или нешто слично. Според законот, цените мора да бидат истакнати од страната на автомобилот, но лесно е да не ги забележите, особено кога имате багаж и брзате. СЕКОГАШ нарачувајте Uber, Bolt или слични услуги, никогаш не влегувајте во случајни такси, особено без претходно да ја проверите цената на вратата. Затоа, ве молиме уживајте во нашата земја, но не наседнувајте на овие измами – овие луѓе се одвратни“, напиша тој.

Многу корисници во коментарите наведоа дека најдобрата опција е да се користи Uber или Bolt бидејќи цените се познати однапред и нема непријатни изненадувања.

Еден корисник напиша дека речиси и да нема земја каде што такси возилата пред железничките станици и аеродромите не се познати по нивните претерани цени и дека тој секогаш однапред го планира превозот користејќи јавен превоз или апликации.

A message to all tourists in Croatia.
by
u/Janila546 in
croatia

ИЗДВОЕНИ