Цените на угостителските услуги во април 2026 година, во однос на април претходната година се зголемени за 2,8 отсто. Цените на угостителските услуги во април 2026 година биле зголемени за 0,6 отсто во однос на март, објави Државниот завод за статистика.
Цените на храната во угостителските објекти во април 2026 година, во однос на април 2025 година, биле повисоки за 7,4 отсто, на алкохолните пијалаци за 7,0 отсто и на безалкохолните за 3,3 отсто. Цените на ноќевањата во тој период се намалиле за 12,5 отсто.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – април 2026 година, во однос на тој период минатата година, биле зголемени за 3,0 отсто, додека во однос на декември 2025 година, зголемувањето било 0,6 отсто.












