Гужвите на граничните премини кон Грција го достигнуваат својот врв овој викенд, а најкритичната ситуација во е на главниот премин Евзони, каде што колоната возила буквално се спојува со македонската страна од границата.
Според последните информации, кои ги споделуваат туристите на социјалните мрежи, чекањето за влез во Грција преку Евзони во моментов е околу еден час и 40 минути. Ситуацијата не е подобра ни на алтернативниот премин Дојран, каде што исто така се потребни околу час и половина за излез од Македонија.
Сепак, има добри вести за оние што патуваат ноќе, бидејќи на грчката страна не се применуваат ригорозни проверки на EES системот (систем за влез/излез) во текот на ноќта, што значително го забрзува протокот на сообраќај.
Обиколницата кај Солун без метеж утрово
Единствената светла точка за возачите што ја поминаа границата рано утрово е обиколницата Солун. Спротивно на очекувањата и работата што се одвива со месеци, сообраќајот се одвива сосема нормално утрово, без застои или поголеми метежи.












