вторник, август 18, 2026
Дома БАЛКАН Грција воведе ред на плажите/ФОТО

Грција воведе ред на плажите/ФОТО

0

Општина Полигирос на Халкидики рано утрово спроведе операција за отстранување на фиксирани чадори и лежалки кои зафаќаа делови од брегот и го ограничуваа слободниот пристап за капачите.

Општинските работници, во присуство на заменик-градоначалникот на Полигирос Василис Фардогијанис, со помош на камион, две земјоделски возила и багер, отстранија 100 чадори и лежалки кои беа поставени, фиксирани и трајно заклучени на плажата во Геракини, објавува грчката Прототема.

Општината претходно издаде соопштение во кое ги повикува граѓаните и туристите да ги отстранат чадорите, лежалките и секоја друга опрема што беше трајно оставена на брегот и плажата.

Сепак, многумина не постапија по апелот, па општинските екипи пристапија кон нивно отстранување.

„Ова не е потег насочен против никого. Тоа е целосно оправдана интервенција за заштита на јавниот простор и спроведување правила што важат за сите. Општината ќе продолжи со контроли и интервенции каде што е потребно, со цел бреговите да се одржуваат чисти, слободни и достапни за жителите и посетителите“, рече Фардогијанис.

Според надлежната служба за земјиште, отстранетите чадори и лежалки се третираат како отпад и затоа се транспортирани во објект за рециклирање.

ИЗДВОЕНИ