понеделник, јули 6, 2026
Дома БАЛКАН Грција во остра пресметка со предизвикувачите на пожари: 20 уапсени за само...

Грција во остра пресметка со предизвикувачите на пожари: 20 уапсени за само пет дена

0

Во првите пет дена од јули, 20 лица беа уапсени во Грција за небрежно палење, што претставува повеќе од 10 проценти од сите апсења за палење од почетокот на годината, соопшти грчката противпожарна служба.

Со апсењата беа изречени и 20 административни казни во вкупен износ од 55.005 евра, објави „Катимерини“.

Противпожарната служба соопшти дека од почетокот на годината се извршени вкупно 164 апсења за палење.
Апсењата се однесуваат на пожари предизвикани од работа со отворен пламен, користење алатки што произведуваат искри, користење земјоделска механизација, палење вегетација и растителни остатоци, како и други небрежни дејствија извршени со кршење на важечките прописи и во услови на зголемен ризик од појава и ширење на пожар.

Во соопштението се наведува дека се истражени причините за избувнувањето на пожарот на Халкидики, Фаркадона, Трикала, Аталанта, Солун, Гуменица, Гревена, Кукуш и Ореокастрос, каде што истражните служби веднаш започнаа со идентификување на сторителите и спроведоа итни постапки, по што тие беа уапсени.

ИЗДВОЕНИ