понеделник, јули 13, 2026
Дома СКОПСКА Граѓаните можат бесплатно да го „одложат“ кабастиот отпад во Центарот за селекција...

Граѓаните можат бесплатно да го „одложат“ кабастиот отпад во Центарот за селекција во Карпош

70

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ ги информира граѓаните дека продолжува да им ја нуди можноста без плаќање паричен надоместок, да го „одложат“ својот кабаст отпад, во кој спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, во Центарот за селекција на отпад во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 7:00 до 19:00 часот.

– Доколку имаат потреба ЈП „Комунална хигиена“ со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, граѓаните можат да ја закажат оваа услуга од понеделник до петок, во периодот од 7:00 до 15:00 часот, на телефонските броеви 0800 222 33 и 3216644 – потенцираат од претпријатието.

Оттаму уште еднаш потсетуваат дека секое фрлање отпад на јавни и на сообраќајни површини претставува прекршување на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, а ваквото несовесно однесување, како што велат, може да резултира со исклучително штетни последици за животната околина и за јавното здравје.

 

 

ИЗДВОЕНИ