Американската скијачка Линдзи Вон, која има 82 победи во Светскиот куп, четири големи кристални глобуси и олимписко злато, е главна тема со денови во сите спортски медиуми, пред сè, поради хоророт што ѝ се случи на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Нејзиниот олимписки настап заврши по само 13 секунди, откако доживеа тежок пад во спуст трката, поради кој претрпи повеќе операции.

Познато е дека Вон имаше многу проблеми со повреди и во минатото, поради што се откажа од скијањето, но, едноставно, не можела без она што ѝ е најголема страст уште од детството. Упорната Американка често се враќаше по сериозни повреди и одеше до границите на исцрпеност. Покрај тоа, имаше и многу други проблеми, отворено зборуваше за менталните проблеми и кризи, но секогаш се враќаше на големата сцена. Сепак, овој пат приказната е поинаква. Според последните прогнози, нејзината богата кариера е пред самиот крај, бидејќи тешката повреда ќе ја оддалечи од снегот подолго време, па многумина сметаат дека олимпискиот настап во Италија е и последниот во нејзината кариера.

Покрај одличните резултати на снегот, кралицата на алпското скијање стана позната и по својата убавина и завидна фигура. Затоа има голем број следбеници на социјалните мрежи, а често ги „чести“ со провокативни фотографии. Покрај сè, Линдзи е многу интелигентна и забавна жена, а тоа го покажа и во интервјуто за престижниот американски магазин „Пипл“, кое го даде непосредно пред ЗОИ. Таа нејзина изјава, која го крена пулсот кај мажите, деновиве е повторно актуелна, а во неа во преден план е ставен нејзиниот задник.

  • Мислам дека голем задник како мојот секогаш ќе биде во мода, самоуверено изјави 41-годишната Вон.

Очигледно е дека Вон ја чека долга пауза, а тоа видно ја вознемирува.

  • Не, не сум подготвена да зборувам за мојата иднина во скијањето. Мојот фокус беше на закрепнување од повредата и на враќањето во нормален живот. Јас сум единствената што ќе одлучи за мојата иднина. Не ми треба ничија дозвола за да го правам она што ме прави среќна. Можеби тоа значи дека повторно ќе се натпреварувам, можеби не. Времето ќе покаже. Ве молам, престанете да ми кажувате што треба или што не треба да правам. Ќе ве известам кога ќе донесам одлука, порача Вон, откако голем број медиуми шпекулираа дека, најверојатно, нема да се врати во спортот.

 

 

ИЗДВОЕНИ